Достапни линкови

Северна Кореја подготвува нова нуклеарна проба?


Јужнокорејскиот миниситер за унификација Ријо Кил Џае изјави дека постоела сериозна индикација дека Северна Кореја подготвувала четврта нуклеарна проба. Тој на денешната комисиска седница во Парламентот на Јужна Кореја додаде дека нема да изнесува детали, бидејќи станувало збор за строго доверливи разузнавачки податоци. Претходно, севернокорејската армија соопшти дека Пјонгјанг подготвил два подземни тунела за изведување нуклеарни проби. Првиот тунел бил употребен за пробата изведена на 12 февруари годинава, додека вториот останал неискористен. Во Сеул се оценува дека севернокорејските сугестии до странските дипломати да ја напуштат земјата, покажува дека Пјонгјанг планирал натамошни провокативни акти.
XS
SM
MD
LG