Достапни линкови

Светски ден на Ромите


ромското знаме

ромското знаме

По повод Меѓународниот ден на Ромите 8 Април, претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими лидерите на политичките партии на Ромите во Македонија. Клубот на млади на општина Шуто Оризари ќе организира крводарителска акција, а во ГЕМ клубот ќе се одржи јавна дебата на тема „Неформалното образование е повреднувано на пазарот на труд од формалното“. Осми април е прогласен за Меѓународен ден Ромите на Првиот светски конгрес на Ромите одржан во 1971 година во Лондон. Тогаш е усвоено ромското знаме, песната „Ѓелем, ѓелем“ е прифатена како ромска химна и е утврдено сите дијалекти на ромскиот јазик да бидат рамноправни.
XS
SM
MD
LG