Достапни линкови

Одбележување на Јом Ашоа во Скопје


Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе го одбележат Јом Ашоа - Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел кој се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот. Комеморацијата ќе се одбележи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во некогашното еврејско маало со палење шест меморијални свеќи и промоција на книгата „Ти веруваш - 8 погледи за холокаустот на Балканот“ од Леа Коен.
XS
SM
MD
LG