Достапни линкови

Карзаи со осуда за убиството на 11 деца


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги осуди убиствата на 11 деца при напад на НАТО во источниот дел на Авганистан. Децата биле убиени за време на заедничката воена операција на НАТО и авганистанските воени сили во провинцијата Сигал која што е засолништа на талибански борци. Во соопштението објавено од кабинетот на Карзаи е наведени дека тој ги осудува сите операции кои што се вршат во населени места каде што жртви се цивили и го осуди и однесувањето на Талибанците, тврдејќи дека користат цивили како човечки штит.
XS
SM
MD
LG