Достапни линкови

logo-print

Меркел побара од Путин да им даде „шанса“ на НВО


Германската канцеларка Ангела Меркел го повика рускиот претседател Владимир Путин да има даде „добра шанса“ на невладините организации. Таа рече дека на Русија и е потребно граѓанското општество да се развива. Меркел ова го рече вчера на отворањето на саем за индустрија во Хановер. Нејзините забелешки доаѓаат по бранот инспекции во невладините организации во Русија кои се финансирани од странство, потег што наиде на бројни критики од странство. Претходно, Путин, во интервју за германска телевизија, изјави дека Москва има право да знае кои невладини организации во Русија добиваат странски пари и „за што“. Пред саемот, десетици луѓе демонстрираа против задушувањето на невладиниот сектор во Русија.
Двајцата кандидати на вчерашните претседателски избори во Црна Гора прогласија победа.
XS
SM
MD
LG