Достапни линкови

Србија ќе го отфрли најновиот предлог на ЕУ


Србија ќе го отфрли најновиот предлог на ЕУ за посредување за нормализирање на односите со Косово, изјави вицепремиерот Александар Вучиќ за српската телевизија Пинк. Тој договорот го оцени како „нереален“.
Белград не соопштува што точно содржи предлогот, но јасно кажува дека тоа е далеку од нивното барање за широка автономија за Србите кои живеат во северно Косово.
Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека ќе ја информира ЕУ дека Србија сака разговорите со Косово да продолжат.
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, која посредуваше во разговорите помеѓу двете страни, на 16 април треба да издаде извештај за напредокот на преговорите од што ќе зависи дали Србија ќе почне преговори за пристапување во ЕУ.
XS
SM
MD
LG