Достапни линкови

logo-print

Израел ја отфрли идејата за мировна улога на Турција


Израелскиот мировен преговарач Ципи Ливни ја отфрли можноста Турција да преземе непосредна улога во заживувањето на разговори со Палестинците. Таа овие забелешки ги даде набрзо откако американскиот државен секретар Џон Кери пристигна на Блискиот Исток од Истанбул.
Кери претходно изјави дека Турција може да помогне во заживување на блискоисточниот мировен процес со поттикнување на помирување меѓу ривалските палестински фракции Хамас и Фатах. Кери, исто така, ја повика Турција да ги поправи односите со Израел, кои беа прекинати пред три години по израелскиот напад врз турски брод.
Кери вчеравечер имаше средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас, што е нивна трета средба во рок од само еден месец. Кери е во 10-дневна дипломатска посета на Блискиот Исток, Европа и Азија.
XS
SM
MD
LG