Достапни линкови

logo-print

Жерновски прогласи победа во Центар, за СДСМ изборите не биле фер


Архивска фотографија - протест на опозицијата во Скопје, 27 јануари 2013.

Архивска фотографија - протест на опозицијата во Скопје, 27 јануари 2013.

Андреј Жерновски, кандидатот на коалицијата „Сојуз за иднината“ за градоначалник на Центар, вечерва објави победа во вториот круг од локалните избори.

„И покрај Пустец, Голо Брдо, Мала Преспа, Центар вечер победи. Не победив јас и коалицијата, туку граѓаните на општина Центар, нивната гордост, чест, решителност и непоткупливост. Со победата на Центар почнува пролетта во Македонија“, изјави Жерновски.

Шефот на изборниот штаб Игор Ивановски и на оваа, како и на првата прес-конференција повтори дека вториот круг избори биле кулминација на нерегуларности и презентираше видео материјал за да потврди, како што рече, дека имало фантомски гласачи дојдени од други градови и од соседна Албанија на гласачки места во општина Центар. Свои сведоштва за гласачи кои не се жители на Скопје и на Македонија кажаа Радмила Шекеринска и Гордан Георгиев. Според нив, еден час пред затворањето на гласачките места, биле носени гласачи кои не знаеле ни зошто доаѓаат, ни каде се родени, ни каде е нивната адреса.

Во штабот на СДСМ се обрати и претседателот на опозициската партија Бранко Црвенковски, кој исто така рече дека изборите биле нефер и недемократски.

„Не беа фер, не беа демократски и за нас не беа легитимни. Цената за погубните политики ќе ја платат сите и многу се лажат тие кои мислат дека СДСМ и „Сојузот за иднината“ загубиле на овие избори“, рече Црвенковски.
XS
SM
MD
LG