Достапни линкови

logo-print

Груевски -Победија делата и остварените ветувања


ВМРО-ДПМНЕ во вториот изборен круг победи во Градот Скопје и во уште 16 општини, соопшти вечерва премиерот и лидер на владејачката партија Никола Груевски.

Заедно со освоените 40 градоначалнички места во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со вкупно 56 општини и во Градот Скопје.

Покрај 40 општини од првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ денеска победи во Битола, Велес, Бутел, Ѓорче Петров, Кавадраци, Делчево, Берово, Богданци, Дебарца, Јегуновце, Карбинци, Кочани, Лозово, Ресен, Чешиново Облешево и Старо Нагоричане, истакна Груевски.

Груевски го оцени денешното гласање како успешно и како победа на сите граѓани и на Република Македонија.

„Победија работата и остварените ветувања, победија делата, победи концептот кој со труд, оставрувања и одговорен пристап кон народот работеше неуморно и создаваше дела“, изјави Груевски.
XS
SM
MD
LG