Достапни линкови

logo-print

МОСТ нотираше нерегуларности


Прес-конференција на директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.

Прес-конференција на директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.

Семејно гласање, искористување на неписмени лица, скршени печати, некористење на УВ се само дел од неправилностите што набљудувачите на МОСТ ги забележале во текот на вториот круг од локалните избори.

„Во гласачко место 0845 општина Кочани, регистрирани се 109 случаи во кои гласачите се претставувале како неписмени и доаѓале да гласаат со помош. Истите лица кои се претставувале како неписмени подоцна помагале на други неписмени лица при гласањето. Гласачко место 1957 општина Тетово, забележани се 26 случаи на некористење на УВ ламба. Гласачко место 0054 општина Битола, прекин од 1 час и 45 мин поради скршен печат. Гласачки места 1929, 1930 и 1931 општина Тетово, забележани се по 20 случаи на семејно гласање и по 20 случаи на некористење на УВ ламба. Во општина Гостивар на 7 избирачки места се забележани по десетина случаи на семејно гласање“, соопштуваат од МОСТ.

Во соопштението до МОСТ се наведува дека во општина Центар, на дел од избирачките места по 17.30 набљудувачи забележале гужва, тензична атмосфера, зголемено присуство на медиумите и полицијата. Според нивните набљудувачи причината за ваквата појава бил зголемениот број на гласачи и интервенциите на партиските набљудувачи кои реагирале дека овие гласачи не живеат во општина Центар како и дилемите на членовите на ИО за тоа дали да им се дозволи на овие гласачи да го остварат гласачкото право.
XS
SM
MD
LG