Достапни линкови

ДИК-до 17 часот излезност од 46,75 отсто


Втор круг од Локалните избори 2013. Гласање.

Втор круг од Локалните избори 2013. Гласање.

Државната изборна комисија соопшти дека до 17 часот излезноста на ниво на Македонија во вториот круг од Локалните избори е 46,75 проценти. Во Скопје правото на глас до 17 часот го искористиле 37,43 проценти од запишаните избирачи односно 162.285 лица. Во споредба со првиот круг излезноста на ниво на државата беше 57,53, а во градот Скопје 53,13 проценти. Најголема излезност од 78,57 проценти, според компјутерскиот центар на ДИК, е забележана во општина Лозово. Во Могила е 70,17 проценти, во Берово 72,65 и во Богданци 70,80 проценти. Во Струмица, каде се прегласува на три избирачки места, излезноста изнесува 75,27 проценти. Од поголемите градови во Велес до 17 часот излезноста е 58,17 проценти, во Тетово 60,91 процент, во Гостивар 45,52 проценти. Во Струга правото на глас до 17 часот го искористиле 33.806 избирачи, односно 60,04 проценти.
Во скопските општини каде се гласа во втор круг за избор на градоначалник, во Ѓорче Петров излезноста изнесува 53,78 проценти, во Карпош 47,17 проценти, во Центар 55,39 проценти, во Чаир 34,75 и во Бутел 36,27 проценти. Излезноста, пак, во другите општини во градот Скопје каде се гласа за градоначалник на град Скопје е во Аеродром 36,56 проценти, во Кисела Вода 36,27, во Шуто Оризари 22,52, Гази Баба 31,12 проценти. Најмала е излезноста во скопската општина Сарај која изнесува 13,30 проценти и е воопшто најмала на републичко ниво.
Според портпаролот на ДИК Билјана Јовановска, приговори во однос на процесот на гласање има пристигнато до ДИК, но за нив ќе информираат на полноќната прес-конференција. Засега, вели, се воздржуваат од коментар за оценка за процесот на гласање во вториот круг.
XS
SM
MD
LG