Достапни линкови

Луценко сака да ја посети Тимошенко


Јуриј Луценко

Јуриј Луценко

Поранешниот украински министер за внатрешни работи Јуриј Луценко откако денеска беше ослободен изјави дека сака да ја види неговата блиска соработничка поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која отслужува седум годишна затворска казна. Луценко беше помилуван од претседателот Виктор Јанукович.
Во соопштението е наведено дека Јанукович потпишал декрет за помилување по жалбите на украински и европски официјални лица, меѓу кои и поранешниот полски претседател Александар Квасниевски и поранешниот претседател на Европскиот Парламент Пат Кокс. Вкупно шест лица биле помилувани.
XS
SM
MD
LG