Достапни линкови

Протести во Хрватска против таблици на кирилица


Протестите во Хрватска

Протестите во Хрватска

Околу 20.000 Хрвати, главно воени ветерани, протестираа денеска во центарот на Загреб поради владиниот план за поставување таблици на кирилица, кои ќе ги користат локалните Срби. Демонстрантите носеле хрватски знамиња, транспаренти и обележја на воени единици на армијата. Тие изјавија дека сакаат посебно да го спречат поставувањето на двојазичните табли во градот Вуковар, кој беше разурнат за време на тримесечната опсада од страна на српските сили во 1991 година.
Владата која ќе ја внесе земјата во ЕУ на 1 јули оваа година, сака да го спроведе законот за малцинства и да постави двојазични табли во зоните, каде една третина од населението се етнички Срби.
XS
SM
MD
LG