Достапни линкови

logo-print

Антивладини протести во Албанија


Албанскиот премиер Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша

Стотици членови, активисти и симпатизери на албанската националистичка Црвено-црна алијанса, учествуваа на денешните антивладини протести во Тирана, барајќи оставка од премиерот Сали Бериша. Протестите се одржаа пред зградата на Владата, а лидерот на „црвено-црните“ Крешник Спахиу истакна пред насобраните дека премиерот Бериша денеска намерно побегнал од земјата.
Тој уште го обвини премиерот за корупција и криминални дејствија, како и за тешката состојба во земјата. Бериша денеска претпладне отпатува за Азербејџан, каде ќе учествува на Светскиот економски форум.
XS
SM
MD
LG