Достапни линкови

Поднесен приговор за нерегуларности во Ресен


Ресен

Ресен

Еден од кандидатите за градоначалник на општина Ресен поднесе приговор до ДИК, МВР и ОБСЕ за притисоци врз гласачите, како и носење на жители од Мала Преспа со автобуси на кои им се делат прехрамбени продукти за да гласаат. Тој најави дека ако продолжат ваквите притисоци планира да се повлече од изборната трка уште пред да заврши гласањето.
Во приговорот пишува „на подрачјето на општина Ресен, присутна е група на лица облечени во цивил кои се претставуваат како припадници на специјална единица Алфи, при тоа покажувајќи значки, ознаки на таа единица.Овие лица им се закануваат на гласачите, ги отстрануваат набљудувачите од местата определени за гласање. Се надеваме дека во интерес на демократијата, слободните и фер избори, ќе се преземат мерки за гасачите да можат да го остварат своето гласачко право. Информираме дека на жители од Мала Преспа, Република Албанија кои се носат со автобуси и комбиња во просториите на транспортното претпријатие, се врши делење на малсо, брашно, копани , прехрамбени производи со цел да гласаат за еден од кандидатите „
Наспроти ова, од Општинската изборна комисија велат дека нема приговори, туку неосновани реакции.
-Изборите се одвиваат без инциденти и проблеми. Нема приговори, туку неосновани реакции-изјави Динче Стојановска, претседател на општинска изборна комисија. Таа рече дека досега нема регистриран случај да не се почитува препораката на ДИК да не гласаат оние граѓани кои имаат македонски биометриски исправи, но со странска адреса на живеење.
XS
SM
MD
LG