Достапни линкови

ОБСЕ/ОДИХР со помал број на набљудувачи


Втор круг од Локални избори 2013. Гласање.

Втор круг од Локални избори 2013. Гласање.

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во Македонија Герт Аренс го посети избирачкото место во ОУ „Братство“ во скопската населба Тафталиџе 2. Аренс изјави дека добиле многу тврдења дека некои работи нема да бидат во ред и затоа проверувале дали изборите се одвиваат според нивните стандарди. Според него, тоа е првото гласачко место што го посетил и притоа не регистрирал неправилности. Тој посочи дека во вториот изборен круг ОБСЕ нема ангажирано краткорочни набљудувачи, туку само тимот на долгорочни набљудувачи кои се наоѓаат низ целата земја, како и раководството на тимот што е значително помало во однос на бројот со кој организацијата го следеше првиот изборен круг пред две недели.
Тимот на долгорочни набљудувачи на ОБСЕ брои 18 лица, а првиот круг од локалните избори го следеа со 220 набљудувачи.
XS
SM
MD
LG