Достапни линкови

logo-print

МОСТ евидентирале неправилности на гласањето


Втор круг гласање на Локални избори 2013.

Втор круг гласање на Локални избори 2013.

Набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ од почетокот на гласањето за вториот круг на локалните избори евидентирале неправилности со прекин на гласањето, случаи на семејно гласање, фотографирање гласачки ливчиња, некористење УВ ламба и невидливо мастило.
Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов информира дека во општина Кочани гласањето било прекинато два часа поради тоа што во Избирачкиот список недостигале 5 листа. Едночасовен прекин на гласањето е регистрирано и на гласачко местово општина Струмица, откако гласач при обид да го пушти ливчето во кутијата, го искршил нејзиниот капак. Според него, прекин од 40 минути на гласањето е регистрирано и на гласачко место во општина Гостивар, откако зад параванот било најдено гласачко ливче.
XS
SM
MD
LG