Достапни линкови

Неколку чартери вчера и денеска на Охридскиот аеродром


Дијаспората иако во помал број и за вториот круг на локалните избори дојде во Македонија за да гласа. На Охридскиот аеродром во текот на вчерашниот ден пристигнал еден чартер авион од Цирих Швајцарија во најголем дел со граѓани од албанска националност и еден редовен авион исто така од Цирих. Од Италијанскиот град Тревизо до Аеродромот во Охрид во текот на вчерашниот ден слетале два чартер авиони со граѓани од македонска националност, кои денес се враќаат назад со истите авиони. Во текот на денешниот ден слетаа два чартер авиони, еден од Тревизо-Италија, и еден од Базел-Швајцарија

„Дојдовме од Германија за да гласаме на локалните избори.Дојдовме организирано со повеќе луѓе специјално за изборите.Дојдовме со авион самоиницијативно и си плативме карти. Има многу луѓе кои живеат во Келн, Берлин, Бон и кои дојдоа за изборите во Струга. Имаме другари од Италија кои исто така најавија дека ќе дојдат“ изјави Марина Ристеска жителка на Берлин
XS
SM
MD
LG