Достапни линкови

logo-print

Кери-Турција со клучна улога за мирот на Блискиот Исток


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека Турција може да одигра значајна улога во мировниот процес на Блискиот Исток. Говорејќи во Истанбул Кери ја опиша земјата како жива и енергична и порача дека може да биде клучна во унапредување на мирот на Блискиот Исток со тоа што ќе го потикне помирувањето на палестинските фракции Хамас и Фатах.
Кери кој оствари средба со турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу ги повика властите да ги обноват односите со Израел.
XS
SM
MD
LG