Достапни линкови

logo-print

МВР демантира дека Кочани е под опсада


Илустрација.

Илустрација.

МВР ги негира тврдењата на неколку медиуми дека Кочани било под полициска опсада.
Имено, маж на возраст од 50 години е приведен синоќа во Кочани, затоа што кон неколку негови сограѓани наводно упатил серoзни закани по живот доколку не гласаат за политичката опција која тој ја застапувал, велат од полицијата. При претрес на приведениот и неговото возило биле пронајдени еден нож и безбол палка.

Во меѓувреме Државната изборна комисија соопшти дека мал прекин во гласањето се случил на пет избирачки места во Кочани, но по остранувањето на причините за прекинот гласањето е продолжено.

Од невладината „Мост “ соопштија дека причините за прекин на неколку избирачки места во Кочани е тоа што недостасувале листови од извадокот од избирачкиот список во кои се впишани 90 гласачи.
XS
SM
MD
LG