Достапни линкови

Прекин на гласањето на избирачко место во Струмица


Втор круг од Локални избори 2013. Гласање.

Втор круг од Локални избори 2013. Гласање.

Гласањето на избирачкото место број 1734 во Струмица денеска беше прекинато еден час. Претседателот на Општинската изборна комисија Васил Крстев изјави дека инцидентот настанал кога гласач при обид да го стави гласачкото ливче, кое било повеќепати превиткано, го искршил капакот од гласачката кутија. Според него, на местото бил извршен увид и замена на искршениот капак.
Со оглед дека имало прекин на гласањето, како што изјави Крстев, тоа ќе биде продолжено за 62 минути, што значи гласачкото место 1734 ќе биде затворено во 20 часот и 2 минути. Во Струмица, каде се прегласува на три избирачки места, до 10 часот гласале 15 проценти од граѓаните.
XS
SM
MD
LG