Достапни линкови

logo-print

ДИК-до 10 часот излезност 7,56 отсто


Втор круг од Локални избори 2013. Гласање.

Втор круг од Локални избори 2013. Гласање.

ДИК соопшти дека излезеноста на граѓаните во вториот круг од локалните избори до 10 часот изнесува 7,56 отсто, односно гласале 78.849 граѓани. Во Скопје одѕивот на гласањето е 7,14 отсто или на гласање излегле 28.636 граѓани. Изборите за градоначалник во вториот круг се одржуваат во 29 општини и Градот Скопје, а првиот круг од локалните избори се прегласува на три избирачки места во Струмица и едно во општина Долнени. Портпаролката на ДИК Билјана Јовановска изјави дека најголема излезеност до 10 часот има во Струмица 14,47 проценти, Лозово 14,32, Дебар 14,14, Берово 12,08, Велес 9,48.
Најмала, според Јовановска до 10 часот има во Тетово каде своето право на глас го искористиле само 4,43 отсто од запишаните во избирачкиот список, односно 3.434 граѓани. Од скопските општини најголема излезеност до 10 часот има во Ѓорче Петров 11,39 отсто, во општината Центар 11,15, потоа следува Карпош си 7,45 отсто, Бутел со 6,25, Гази Баба со 5,79, Чаир со 5 отсто и Шуто Оризари каде излегле 4,16 од запишаните гласачи.
XS
SM
MD
LG