Достапни линкови

Во Македонија денеска се одржува вториот круг од локалните избори. Се избираат градоначалници во 29 општини и во Градот Скопје, а првиот круг се повторува во три избирачки места во Струмица и на едно во Општина Долнени.

Во Македонија денеска се одржува вториот круг од локалните избори. Се избираат градоначалници во 29 општини и во Градот Скопје, а првиот круг се повторува во три избирачки места во Струмица и на едно во Општина Долнени.
Сите места се отворени напреме според податоците на ДИК, единствено мал прекин во гласањето се случил на пет избирачки места во Кочани, но по остранувањето на причините за прекинот гласањето е продолжено.

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста до 10 часот изнесува 7, 56 проценти односно до 12 часот на гласање излегле вкупно 78.849 граѓани а на ниво на град Скопје до 10 часот излегле 28.636 граѓани. Најголема излезност до 10 часот има во Струмица на трите избирачки места каде што се врши прегласување од првиот круг, а најмала во Тетово.
Билјана Јовановска, портпарол на ДИК.

Билјана Јовановска, портпарол на ДИК.


„Сите места се отворени напреме според податоците на ДИК, единствено мал прекин во гласањето се случил на пет избирачки места во Кочани, но по остранувањето на причините за прекинот гласањето е продолжено“, изјави Билјана Јовановска, портпарол на ДИК.

Гласањето започна во 7 часот, а завршува во 19 часот. Општинските изборни комисии соопштија дека избирачките места се навреме отворени.
„На гласачкото место 2164 во општина Велес гласач фотографирал гласачко ливче и по реакцијата на Избирачкиот одбор си заминал, но му била задржана личната карта. Повикани се Општинската изборна комисија и полицијата поради што имало прекин на гласањето 40 минути. По нивната интервенција гласањето продолжило. На гласачкото место 0848 во општина Кочани недостасувале листови од извадокот од избирачкиот список во кои се впишани 90 гласачи.

Право на глас во вториот круг од изборите имаат милион 103 илјади и 175 граѓани на 1.614 избирачки места.

Граѓанската асоцијација МОСТ со 2080 набљудувачи ќе го следи гласањето во вториот круг од локалните избори.

Со нив ќе бидат покриени 50 до 60 отсто од 1.614 избирачки места. Според информациите на МОСТ, отворени се сите гласачи места кадешто тие имаат набљудувачи, а досега ги забележале следните неправилности:

„На гласачкото место 2164 во општина Велес гласач фотографирал гласачко ливче и по реакцијата на Избирачкиот одбор си заминал, но му била задржана личната карта. Повикани се Општинската изборна комисија и полицијата поради што имало прекин на гласањето 40 минути. По нивната интервенција гласањето продолжило. На гласачкото место 0848 во општина Кочани недостасувале листови од извадокот од избирачкиот список во кои се впишани 90 гласачи.

Прекин во гласањето во општина Кочани има и на гласачките места 0837, 0850 и 0852, поради тоа што на секое од тие гласачки места недостигал по еден лист од избирачкиот список. На гласачкото место 0408 во општина Гостивар од петте членови на Избирачкиот одбор само еден член ја носел потребната легитимација, како и дека во гласачкото место 2870 во општина Центар гласањето почнало со 10 минути задоцнување“, изјави извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов.

Тој информира дека и денеска ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080 на која ќе можат граѓаните да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес. Доколку граѓаните не се сигурни каде можат да го остварат своето право на глас, со внесување на своите податоци ќе можат да проверат на интернет-страницата www.izbirackispisok.gov.mk.

Бесплатна телефонска линија за поплаки ќе функционира и во канцеларијата на Народниот правобранител. На телефонска линија 0800-54321,граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИР вториот круг ќе го следи со 20 набљудувачи од кои осум долгорочни набљудувачи и 12 членови на главниот тим.

Граѓаните велат дека очекуваат да победи подобриот.

„Се караат внатре, срамота. Не сум задоволна од овие луѓе што денеска се членови на избирачкиот одбор, минатиот пат беше супер, мирно, а сега се караат, срамота.“

„Кој е подобар нека победи.“

„Се е мирно, нека победи подобриот.“

Гласањето во првиот круг од локалните избори заврши во вкупно 49 општини.
Ова се петти локални избори во Македонија. Првите по независноста се одржаа во 1996, во 2000, во 2005, а последните во 2009 година.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG