Достапни линкови

Дачиќ-Србија сака да го продолжи дијалогот со Косово


Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Белград сака да го продолжи дијалогот со Приштина и е подготвен и на дирекни преговори со косовските претставници без посредништво на ЕУ. Дачиќ во интервју за парискиот весник Монд нагласува дека Србија не може да го прифати сегашниот предлог-договор што во вторникот ЕУ им го достави на двете страни.
Но, според него, не може ниту да го одбие бидејќи во тој случај Србија не би добила датум за почеток на преговорите членство во Унијата. Дачиќ порача дека предлозите од Косово се понижувачки, неприфатливи и неприменливи на теренот.
XS
SM
MD
LG