Достапни линкови

МОСТ: гласачките места отворени, некаде имало прекини


Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов

Сите гласачки места на кои Граѓанската асоцијација МОСТ има свои набљудувачи се отворени. Од утрово од седум часот кога беа отворени гласачките места набљудувачите регистрирале прекини на неколку од нив. Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов на прес конференција информира дека на гласачкото место 2164 во општина Велес гласач фотографирал гласачко ливче и по реакцијата на Избирачкиот одбор си заминал, но му била задржана личната карта. Повикани се Општинската изборна комисија и полицијата поради што имало прекин на гласањето 40 минути. По нивната интервенција гласањето продолжило. На гласачкото место 0848 во општина Кочани недостасувале листови од извадокот од избирачкиот список во кои се впишани 90 гласачи. Прекин во гласањето во општина Кочани има и на гласачките места 0837, 0850 и 0852, поради тоа што на секое од тие гласачки места недостигал по еден лист од избирачкиот список. Активистите на МОСТ регистрирале и дека на гласачкото место 0408 во општина Гостивар од петте членови на Избирачкиот одбор само еден член ја носел потребната легитимација, како и дека во гласачкото место 2870 во општина Центар гласањето почнало со 10 минути задоцнување.
XS
SM
MD
LG