Достапни линкови

Се утврдува староста на Охридското Езеро


Платформа во Охридското Езеро.
Платформа во Охридското Езеро.

Според директорката на Хидробиолошкиот завод во Охрид Сузана Патчева во научната литература се среќавало податокот дека Охридското Езеро било старо меѓу 2 и 10 милиони години, но оти староста од 3 до 5 милиони години била поверодостојна.

Eкипа составена од домашни и странски експерти започнаа со дупчење на дното на Охридското Езеро во слоеви стари 3,5 милиони години, периодот кога се претпоставува дека дошло до формирање на езерото. Веќе се издупчени првите 150 метри од езерските длабочини, а според најавите на стручњаците кои го вршат истражувањето ќе се оди до длабочина од 680 метри, што значи 380 метри под длабочината на езерото.
Во однос на утврдувањето на староста треба да има специфична подготовка за материјалите кои ќе бидат најдени во седиментот, како на пример, правот од вулканот во Италија, кои подоцна ќе се анализираат и ќе се утврдува нивното точно појавување во Охридското Езеро. Предвид треба да се земе и дека земјината топка во минатото неколку пати се поместила од својата оска, што исто така влијае врз самиот геолошки состав на Охридското Езеро и неговото дно.
Берн Вагнер, главен истражувач на проектот.

Испитувањата ќе се вршат до крајот на месец јуни оваа година, со помош на голема платформа која пред две недели беше монтирана кај населбата Елешец. Проектот го спроведуваат германскиот Универзитет од Келн заедно со Хидробиолошкиот завод од Охрид. Берн Вагнер, главен истражувач на проектот вели:

„Во однос на утврдувањето на староста треба да има специфична подготовка за материјалите кои ќе бидат најдени во седиментот, како на пример, правот од вулканот во Италија, кои подоцна ќе се анализираат и ќе се утврдува нивното точно појавување во Охридското Езеро. Предвид треба да се земе и дека земјината топка во минатото неколку пати се поместила од својата оска, што исто така влијае врз самиот геолошки состав на Охридското Езеро и неговото дно“, вели Вагнер.

Според директорката на Хидробиолошкиот завод во Охрид Сузана Патчева во научната литература се среќавало податокот дека Охридското Езеро било старо меѓу 2 и 10 милиони години, но оти староста од 3 до 5 милиони години била поверодостојна.

„Треба да се добијат резултати за тектонските и вулкански промени на езерото, податоци за промените во климатските услови во централниот и северниот дел на Медитеранот како и попрецизни податоци за староста на езерото“, вели Патчева.

Лазо Наумоски, научник и екологист од Охрид, смета дека истражувањата ќе дадат многу податоци кои во иднина ќе им послужат на многу светски научни институции кои ќе сакаат да се занимаваат со испитување на најголемите езера во светот

„Испитувањата ќе укажат на некои намерни или ненамерни иницијативи кај нас и во Албанија кои се преземени и како негативно се одразиле врз живиот свет и ќе укажат со цел такви работи во иднина да не се направат“, вели Наумовски.
XS
SM
MD
LG