Достапни линкови

logo-print

Неделен печат - Смртта на Младенов и состојбите во СДСМ


Фокус неделава не излезе од печат, а Глобус ја анализира истрага за загинувањето на неговиот основач Никола Младенов. Капитал и Република пишуваат за состојбите во СДСМ.

И во овој преглед на неделниците нема да биде вклучен Фокус. Минатиот број, излезе со ден задоцнување, поради трагичната сообраќајка на неговиот сопственик и главен двигател, Никола Младенов. Тој број, инаку, беше полн со текстови од негови колеги и соработници, чиј заеднички именител може да се сведе на следново: Младенов е пионер на слободниот новинарски збор во Македонија, храбар и безмилосен борец за вистината, колку и да е таа непријатна за некого.
Или истрагата е најтрапавата што некогаш е видена на ова тло, па да остава белешки за платена патарина, весници и делови од автомобилот што потоа ги наоѓаат новинарите на Нова Македонија или некој сака да ја компромитира токму истрагата ако таа е на некоја навистина поважна трага која води кон порелевантни нешта.

Глобус - Како важни докази ја чекале токму екипата на Нова Македонија на местото на трагичниот настан кај Хиподром?

Настрана сите обвинувања за изборен фалсификат, станува збор за голема разлика од 115 илјади гласови што го потврдуваат фактот дека оваа опозиција не е никаква закана за власта и сигнал дека наместо власта да станува лесен залак за опозицијата во Македонија - има обратен феномен: опозицијата слабее од избори до избори.
Глобус во својот текст прашува: како важни докази ја чекале токму екипата на Нова Македонија на местото на трагичниот настан кај Хиподром? Сторијата на весникот, пишува Глобус, е многу наивна, и со приказната за вртење крукче околу Велешко Езеро треба да се елиминира основата за сомнежот за патувањето на Младенов: што барал во Велес, со кого се видел таму, зошто тоа никој не го знаел од неговите најблиски и така натаму. Или истрагата е најтрапавата што некогаш е видена на ова тло, па да остава белешки за платена патарина, весници и делови од автомобилот што потоа ги наоѓаат новинарите на Нова Македонија или некој сака да ја компромитира токму истрагата ако таа е на некоја навистина поважна трага која води кон порелевантни нешта, заклучува неделникот.

Инаку, Глобус објавува делови од интервјуто за една скопска телевизија со победникот во првиот круг на локалните во општина Центар, Андреј Жерновски. Тој најмногу зборува за изборниот фалсификат на неговата сигурна победа - на пример, како е можно шест кутии од Центар да доцнат до ДИК со што ќе можеше уште во првиот круг формално да биде признаена неговата победа, потоа, за големиот број неважечки ливчиња токму во „најписмената општина“, па за „гостите од Пустец“ собрани во станот одземен од Ѓунер Исмаил...

Капитал - СДСМ може да победи само со нов лидер

Капитал констатира дека СДСМ може да победи само со нов лидер. „Настрана сите обвинувања за изборен фалсификат, станува збор за голема разлика од 115 илјади гласови што го потврдуваат фактот дека оваа опозиција не е никаква закана за власта и сигнал дека наместо власта да станува лесен залак за опозицијата во Македонија - има обратен феномен: опозицијата слабее од избори до избори“.

Република - Локалните во СДСМ во втор план, во прв игра за тронот

И Република продолжува да се занимава со судбината на СДСМ: „Локалните во СДСМ во втор план, во прв игра за тронот“, е насловен текстот во овој неделник кој смета дека 24 март и драстичните резултати ја отвориле кутијата за прекројување на внатрепартиското организирање на опозицијата.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG