Достапни линкови

Зголемен бројот на болни и изнемоштени гласачи во вториот круг


Бројот на болни и изнемоштени лица во вториот изборен круг е зголемен, покажуваат податоците од општинските изборни комисии. Во Берово во првиот круг имало пријавено 361, а во вториот круг 404 болни и изнемоштени лица, додека во Делчево бројката од 474 за вториот круг изнесува 514. Во Кавадарци денеска право да гласаат дома имаа 332 болни и изнемоштени лаца, додека во првиот изборен круг таа можност ја имаа 175 лица. Во Битола пак се пријавиле 206 лица, што е за 44 повеќе во однос на првиот круг.
XS
SM
MD
LG