Достапни линкови

logo-print

Цивил апелира за слободни и ненасилни избори


Невладината организација Цивил - центар за слобода во пресрет на вториот круг од гласање, упати апел до сите граѓани и сите чинители во политичкиот живот во недела да дадат свој придонес за слободни и ненасилни избори.
Во изминатиот период бевме сведоци на бројни нерегуларности и незаконско делување на голем број учесници во политичкиот живот на земјата, а особено во изборниот процес и затоа апелираме да престанат со таквите практики барем во наредните 48 часа, е наведено во соопштението на Цивил. Организацијата со 140 лица распределени на цела територија на државата ќе врши мониторинг и на вториот круг од локалните избори 2013.
XS
SM
MD
LG