Достапни линкови

Разговорите во Алмати со Иран без резултати


Изминува и вториот ден од разговорите меѓу Иран и светските сили кои засега се без резултати. Пред почетокот на саботните разговори иранските претставници на преговарачкиот се состанаа одделно со руските и кинеските делегации во Алмати. Иранската државна телевизија јави дека билатералните средби биле„плодни“ без при тоа да соопшти повеќе детали. Еврокомесарката за надворешна политика Кетрин Ештон денеска се сретна со со шефот на иранскиот преговарачки тим Саид Џалили. Еден од членовите на преговарачкиот тим за медиумите изјави дека првиот ден од преговорите завршиле само со договор за повторна средба а денеска тие размениле „мислења за начините на кои би требало да се водат преговорите.“ Претставникот на 6-те светски сили, Русија, САД, Кина, Франција, Британија и Германија по втор пат за еден месец се среќава со иранскитот преговарачки тим во Алмати.
XS
SM
MD
LG