Достапни линкови

Радиоактивна вода истекува од „Фукушима“


Речиси 120 тони радиоактивна вода истекле од резервоарите во затворената јапонска нуклеарна централа „Фукушима“, соопшти денеска компанијата ТЕПКО која управува со нуклеарката. Портпаролот на компанијата истакна дека не е позната причината за истекувањето, кое е забележано на еден од седумте танкери каде се наоѓа водата која се користи за ладење на реакторите.
Компанијата планира во текот на следните две недели да испумпа 13.000 кубици вода, кои останале во танкерот, и да ги префрли во други танкери.
Според претставници од компанијата, водата од танкерот, кој истекува и се наоѓа 800 метри подалеку од брегот, не би требало да стигне до морето.
XS
SM
MD
LG