Достапни линкови

logo-print

МОСТ со 2080 набљудувачи ќе го следи вториот изборен круг


Прес-конференција на директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.

Прес-конференција на директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.

Граѓанската асоцијација МОСТ со 2080 набљудувачи ќе го следи утрешното гласање во вториот круг од локалните избори. Со нив ќе бидат покриени 50 до 60 отсто од 1.614 избирачки места во 29 општини и Градот Скопје, каде и во Струмица и Долнени, каде што ќе се прегласува.
Набљудувачите ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе има и мобилни тимови, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено оние места на кои МОСТ нема статични набљудувачи.
МОСТ го набљудува и денешното предвремено гласање на болни и немоќни лица, внатрешно раселени лица, лица во затвор и лица во куќен притвор.
Граѓанската асоцијација МОСТ уште еднаш упатува апел за одржување на фер, слободен и мирен изборен процес.
XS
SM
MD
LG