Достапни линкови

Ердоган: Тероризмот ја чини Турција 300 милијарди долари


Тероризмот ја чини Турција вкупно 300 милијарди долари во последните 30 години, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Тој во неговиот говор на вчерашното отаварање на обновената истанбулска берза истакна дека во последните 29 години тероризмот однесе многу човечки животи и причини штета врз економијата, а поради стравувањата, поврзани со тероризмот, во Турција не биле реализирани многу инвестициски проекти.
Кон крајот на минатата година Анкара соопшти дека започнала преговори за мир со лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан, а минатиот месец бунтовничкиот лидер упати повик за прекин на огнот и повлекување на курдските борци од Турција.
XS
SM
MD
LG