Достапни линкови

Зголемен бројот на загинати при колапс на зграда во Муамбаи


Бројот на загинати при колапс на зграда во Муамбаи се зголеми на 70. Полицијата соопшти дека се намалуваат шансите за пронаоѓање на преживеани. До сега се евидентирани 70 повредени луѓе. Полицијата претпоставува дека пред уривањето на зградата која се уште не била во целост изградена, во неа имало над 150 луѓе. Над 20 луѓе се уште се водат како исчезнати.
Според локалните власти, 7 катната зграда била подигната за 6 недели и без потребните дозволи. Најмалку 3 спрата биле вселени додека уште траела изградбата.
XS
SM
MD
LG