Достапни линкови

Генерал Демпси пристигна во Авганистан


Шефот на американскиот генералштаб комадантот Мартин Демспи пристигна денеска во Авганистан во ненајавена посета. Се очекува тој да се сретне со американските и авганистанските воени претставници за да разговараат за повлекувањето на коалициските безбедносни сили. Демпси ќе се сретне и со новиот генерал на заедничките мировни сили во Авганистан Џозеф Дунфорд со кој ќе разговара за повлекувањето на американските војници кое треба да се спроведе во овие две години. Тие ќе разговараат и за степенот на напредок на авганистанските војници во преземањето на безбедносната контрола. Американскиот претседател Барак Обама се уште не соопштил колку американски војници ќе останат во Авганистан по 2014 година.
XS
SM
MD
LG