Достапни линкови

Временска викенд прогноза


Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево, ветровито и топло. Ке дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветер. Дневната температура ќе се движи од 16°C до 25°C. Во Скопје слично време со максималната дневна температура до 22°C.

Во недела ке биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и пад на температурите. Ќе дува силен северен и северозападен, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветер. Ветерот ке достигне брзина и до 45 км/ч. Се очекуваат да наврнат 20-30 литри дожд. Утринските температури ке се движат од 4°C до 10°C, а максималните дневни температури ке бидат во опаѓање и ке се движат од 7°C до 16°C.
XS
SM
MD
LG