Достапни линкови

Во првиот круг од локалните избори гласањето е завршено во 49 општини. Првиот круг ќе се повтори во две општини, а втор круг гласање ќе има во 29 општини и во градот Скопје. Во вториот круг ќе се гласа на 1.614 избирачки места, а право на глас имаат 1.103.175 гласачи.

Во првиот круг од локалните избори гласањето е завршено во 49 општини. Првиот круг ќе се повтори во две општини, а втор круг гласање ќе има во 29 општини и во градот Скопје, соопшти Државната изборна комисија, врз основа на добиените официјални резултати од страна на општинските изборни комисии.
Во 29 општини, плус Градот Скопје ќе има втор круг за градоначалник. Тука е додаден Чаир како што објаснив, а е изваден Долнени бидејќи ќе има прегласување на едно избирачко место. Остануваат Струмица и Долненеи кадешто ќе има прегласување на прв круг.

„Во 29 општини, плус Градот Скопје ќе има втор круг за градоначалник. Тука е додаден Чаир како што објаснив, а е изваден Долнени бидејќи ќе има прегласување на едно избирачко место. Остануваат Струмица и Долнени кадешто ќе има прегласување на прв круг“, изјави Борис Кондарко претседател на ДИК.

Во вториот круг ќе се гласа на 1.614 избирачки места, а право на глас имаат 1.103.175 гласачи.
Седница на Државната изборна Комисија (ДИК) за изборните приговори за локалните избори 2013

Седница на Државната изборна Комисија (ДИК) за изборните приговори за локалните избори 2013


Кондарко повика граѓаните во вториот круг од локалните избори масовно да излезат и слободно да гласаат по сопствена волја. Гласањето е тајно и тајноста на нивниот глас е загарантирана, рече тој.
МОСТ нема да ги коментира поднесените приговори од политичките партии, поединечните одлуки и гласања на овој орган, со оглед на фактот што дел од нив беа донесени не земајќи ги предвид одредбите во Изборниот законик, туку произлегуваа од тесните политички интереси. При дискусиите по приговорите членовите на ДИК, наместо да се држат до предметот на расправа често пати држеа политички говори и застапуваа политички ставови што е недозволиво за ваков орган.

По првиот круг до ДИК пристигнаа повеќе од 400 претставки за нерегуларности на изборите, а стотина од нив дотуркаа и до Управниот суд. По одлуката на судот првиот изборен круг ќе се прегласува во три струмички изборни места и во едно во Долнени.

Меѓу општините во кои ќе се избира градоначалник во вториот круг се 5 од 10-те скопски општини - Центар, Карпош, Чаир каде во последен миг беа преправени изборните резултати поради неправилностите во 13 избирачки места, потоа во Бутел и Ѓорче Петров, како и во Битола, Струга, Куманово, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и во уште 18 општини.

Државната изборна комисија едногласно донесе одлука избирачките одбори да не дозволат да гласаат луѓе кои имаат биометрски пасоши во кои не фигурира адреса на живеење во Македонија. Постапката беше иницирана откако Општинската изборна комисија во Ресен побара упатства по случаите на гласање на Македонци од Пустец со македонски пасоши, но со впишани адреси во Албанија.
Прес-конференција на директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.

Прес-конференција на директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.


„Мојот став е дека не може да се дозволи да гласат лица кои имаат валидни патни биометриски исправи издадени од Република Македонија, но во кои не стои адреса на живеење во земјава“, изјави претседателот на ДИК Кондарко.
Се купуваат гласови со брашно, со масло, меѓутоа и со пари. Почетната цена за еден глас е 1.000 денари, но нашите активисти и други граѓани и граѓанки кажуваат дека можете и да се пазарите со тие што ги купуваат гласовите и можете да добиете и други субвенции за глас.

Денеска, пак, гласаат луѓето кои се во казнено-поправните домови, оние со статус на внатрешно раселени лица, а ќе гласаат и луѓето што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, немоќните и болните, ако тоа претходно го побарале од општинските изборни комисии.

Ако за избор на градоначалник во првиот круг требаше да се остварат два услови, односно да има излезност од 33 отсто од гласачите регистрирани во една општина и кандидатот да освои повеќе од половина од гласовите на тие што гласале, во вториот круг тоа не важи. Според регулативата, во вториот круг изборот е сведен на двајцата кандидати кои добиле најголема доверба од гласачите.
Кампања за фер избори на НВО Цивил.

Кампања за фер избори на НВО Цивил.


Ова се петти локални избори во независна Македонија. Првите се одржаа во 1996, следните во 2000, па во 2005, а последните во 2009 година.
Во однос на работењето на Управните служби, од МВР информираат дека граѓаните ќе можат во сите подрачни единици да аплицираат и во сабота за добивање нов личен документ, во времето од 08.30 до 16.30 часот, додека во недела само ќе се издаваат веќе изготвените документи. Единствено во Скопје граѓаните ќе може и во недела да аплицираат за лична карта.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше изборниот процес од денот на распишувањето на изборите, 11 јануари 2013 г. Процесот го набљудуваат преку 18 регионални канцеларии кои ја покриваат целата територија на Македонија. Првиот изборен круг МОСТ го следеше со 3.332 набљудувачи, притоа покривајќи околу 50 отсто од вкупниот број на избирачки места при што во секоја општина беше покриен приближно ист процент на избирачки места. За набљудување на процесот на гласање на болните и немоќни лица и лица во домашен притвор беа ангажирани 99 набљудувачи, а за гласањето на избирачите во казнено-поправните установи - 16. Исто така, предмет на набљудување од страна на МОСТ е и работата на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии.

Од таму по првиот круг на изборите оценија дека Државната изборна комисија не била на ниво на задачата на највисок изборен орган кој треба да се грижи за законитоста во спроведувањето на изборите. Од МОСТ заклучуваат дека при одлучувањето по приговорите ДИК не била доследна и конзистентна во донесувањето на одлуките.

„МОСТ нема да ги коментира поднесените приговори од политичките партии, поединечните одлуки и гласања на овој орган, со оглед на фактот што дел од нив беа донесени не земајќи ги предвид одредбите во Изборниот законик, туку произлегуваа од тесните политички интереси. При дискусиите по приговорите членовите на ДИК, наместо да се држат до предметот на расправа често пати држеа политички говори и застапуваа политички ставови што е недозволиво за ваков орган“, рече извршниот директор на Мост Дарко Алексов.

Тој повторно апелираше до сите граѓани пред вториот изборен круг да ги проверат своите податоци на веб страницата www.izbirackispisok.gov.mk за точно да го утврдат избирачкото место на кое можат да го остварат своето избирачко право. Оние граѓани кои што нема да се пронајдат во Избирачкиот список се упатуваат до подрачните одделенија на ДИК за да утврдат зошто ги нема во Избирачкиот список.

Набљудувачите на МОСТ се статични и го следат процесот на гласање во текот на целиот изборен ден. Покрај статичните набљудувачи на гласачките места, Граѓанската асоцијација МОСТ има и мобилни тимови, кои служат како логистичка поддршка на статичните​ набљудувачи и повремено ги набљудуваа оние места на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. За вториот изборен круг повторно останува практиката да бидат покриени половина од избирачките места во сите општини каде ќе има гласање.

Оценката на Граѓанската асоцијација МОСТ за гласањето на 24-ти март е дека беше спроведено во мирна атмосфера, со голема излезност на граѓаните. Најчести нерегуларности за кои известувале нивните набљудувачи се: групно/семејно гласање, некористење на УВ ламбата, фотографирање на гласачките ливчиња и евидентирање на гласачите од страна на партиските набљудувачи на самото гласачко место. Но од таму истакнуваат дека, сепак, ваквите појави се со помал интензитет од порано.

Во функција на спроведување фер и слободни избори, Граѓанската асоцијација МОСТ досега има набљудувано девет изборни процеси.

Цивил – Центар за слобода од почетокот на изборната кампања има над 100 мобилни набљудувачи распоредени во сите општини во земјата. Набљудувачите на Цивил имаат обврска да ја набљудуваат атмосферата и можните нерегуларности во поширок контекст на целата територија на земјата во подолг временски период, а не само на денот на изборите и не само на избирачките места. И во вториот круг набљудувачкиот тим на Цивил ќе биде составен од околу 140 акредитирани набљудувачи исто како и првиот изборен круг.

Од Цивил по првиот изборен круг соопштија дека забележале нејаснотии околу прочистувањето на избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, евидентирање гласачи, кршење на предизборниот молк и злоупотреба на ресурсите на државните и локалните институции.

Илир Ајдини од Цивил изјави дека и за вториот изборен круг остануваат истите неправилности.
„Заканите и ветувањата се испреплетени и веќе нема разлика меѓу нив, на крајот сè се сведува на принципот – подобро да гласате за мене, инаку лошо ви се пишва“, изјави Илир Ајдини, проект менаџер на Цивил.
Тајноста на гласањето треба повнимателно да се почитува и инцидентите на семејно гласање треба повнимателно да се разгледаат од страна на изборниот персонал.
Набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР на избирачко место во Скопје, Локални избори 2013.

Набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР на избирачко место во Скопје, Локални избори 2013.


Ајдини вели дека поткупот е далеку омасовен што дури и на член на Цивил му било понудено пари во заменеа за гласови.

„Се купуваат гласови со брашно, со масло, меѓутоа и со пари. Почетната цена за еден глас е 1.000 денари, но нашите активисти и други граѓани и граѓанки кажуваат дека можете и да се пазарите со тие што ги купуваат гласовите и можете да добиете и други субвенции за глас.“
Го поздравуваме завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилство. Со внимание ќе го разгледаме конечниот извештај на ОДИХР, како и конечното официјално објавување на изборните резултати. Очекуваме објавување на дополнителни информации од разните други набљудувачи и ќе продолжиме одблиску да го следиме изборниот процес и кампањата во пресрет на вториот круг на локалните избори на 7 април.

Народниот правобранител Иџет Мемети информираше дека за време на изборите 120 граѓани се јавиле дека не можат да се најдат во гласачкиот список и 20 добиле помош, по што гласале. Имало и други претставки.

„Имаше јавувања за неправилности особено кај избирачките одбори. Најголем дел од нив се однесуваа на тоа што членовите на одборите на глас ги читале имињата на гласачите“, рече Мемети.

Како за првиот, така и за вториот изборен круг, оперативниот штаб на МВР задолжен за реализирање на обврските поврзани со локални избори е ставен во функција на одржување на слободни, фер и демократски избори, велат од МВР.

МВР ќе ги обезбедува гласачките места, а тоа опфаќа физичка безбедност на објектите каде се наоѓаат гласачките места и приодот до нив за време на гласањето, физичка безбедност на гласачките материјали и лична безбедност на гласачите, кандидатите, партиски работници или претставници, членови на ИО, акредитирани набљудувачи и воопшто јавноста.

МВР упати порака дека нема да се толерира никаков обид или нарушување на изборниот процес и дека сите инволвирани ќе бидат откриени и санкционирани.

Во однос на работењето на Управните служби, од МВР информираат дека граѓаните ќе можат во сите подрачни единици да аплицираат и во сабота за добивање нов личен документ, во времето од 08.30 до 16.30 часот, додека в недела само ќе се издаваат веќе изготвените документи. Единствено во Скопје граѓаните ќе може и во недела да аплицираат за лична карта.

За попречување на изборниот процес предвидени се затворски казни од шест месеци до 5 години, а доколку тоа се прави на организиран начин казните се движат од 1 до 10 години затвор.

Мирно и демократски - така стои во полицискиот извештај за првиот круг од локалните избори. Во текот на гласањето полицајците од терен не известиле за поголеми нарушувања на избирачкиот процес.

Полицијата нотирала неколку прекршувања на предизборниот молк по пријава на граѓани. Една кривична пријава е поднесена против кумановец за нарушување на изборниот процес, а за двајца во Зрновци за поткуп на гласачи. За други недоследности МВР нема пријави.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР по 13 пат набљудува избори во Македонија. Овие избори тие ги набљудува со 300 краткорочни и 16 долгорочни набљудувачи, а во мисијата се вклучени и 11 експерти од 9 земји. Тие вообичаено ги набљудуваат спроведувањето на законите, регистрирањето на кандидатите, изборната кампања, работата на изборната администрација и разрешувањето на изборните спорови. Бројката на набљудувачи е иста како и за претходните два изборни циклуси, претседателските и локалните во 2009 и вонредните парламентарни во 2011 година. Како што не информира портпаролот на ОДИХР, Томас Рајмер, вториот круг ќе го следат со 20 набљудувачи од кои осум долгорочни набљудувачи и 12 членови на главниот тим. В среда на 10 април земјава ќе ја напуштат долгорочните набљудувачи, а два дена потоа си оди и главниот тим.

Сумарниот извештај се очекува за два месеци. Веднаш по првиот круг, шефот на мисијата Герт Аренс оцени дека изборите биле компетитивни и се одвивале во мирна атмосфера. Од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР соопштија дека овие избори биле конкурентни и ефикасно спроведени, но биле забележани некои процедурални нерегуларности, вклучително и случаи на групно гласање.
Процесот на гласање се одвиваше тивко и мирно, но сепак процедурите не беа испочитувани на некои гласачки места. Продолжија случаите на групно гласање и тајноста на гласањето не секогаш беше испочитувана. Најголем дел на набљудуваното броење на гласови беа оценети позитивно, иако понекогаш беа забележани процедурални пропусти.

​„Процесот на гласање се одвиваше тивко и мирно, но сепак процедурите не беа испочитувани на некои гласачки места. Продолжија случаите на групно гласање и тајноста на гласањето не секогаш беше испочитувана. Најголем дел на набљудуваното броење на гласови беа оценети позитивно, иако понекогаш беа забележани процедурални пропусти.“

Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс нотираше дека имало заплашување на гласачите и злоупотреба на државни ресурси во текот на целата кампања.
Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс и Претставникот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа Јуриј Ламберг на прес-конференција во Скопје.

Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс и Претставникот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа Јуриј Ламберг на прес-конференција во Скопје.


„Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР забележа неколку случаи на материјал на кампања поставен на државен имот, како и владини функционери кои со владини возила присуствуваа на предизборни настани во работно време. Поместувањето на границите меѓу државните активности и партиската кампања не е во согласност со параграфот 5,4 од Копенхагеншкиот договор на ОБСЕ од 1990“, рече тој.

Од набљудувачката мисија велат дека имало мал број на претставки поднесени до судовите, но засегнатите страни ја известиле мисијата дека немаат доверба во процедурите за приговор и во судовите. Мисијата забележала и „партиски наклонето медиумско покривање и мешање на државни со партиски активности, што секогаш не обезбедувало изедначен натпревар“.

Изборите ги набљудуваа и претставници на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа. Претставникот на Конгресот Јуриј Ламберг изјави дека на избирачките места што нивната мисија ги посетила изборите се одвивале во мирна атмосфера, на уреден начин, без поголеми инциденти.

„Тајноста на гласањето треба повнимателно да се почитува и инцидентите на семејно гласање треба повнимателно да се разгледаат од страна на изборниот персонал.“

Европската комисија го поздрави фактот што локалните избори во Македонија се одржаа во мирна атмосфера без поголеми инциденти. Комисијата ги чека резултатите од Државната изборна комисија и извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за спроведувањето на изборите за да даде натамошни препораки за Македонија.

Извештајот на ОДИХР го чекаат и во американскиот Стејт департмент.

„Го поздравуваме завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилство. Со внимание ќе го разгледаме конечниот извештај на ОДИХР, како и конечното официјално објавување на изборните резултати. Очекуваме објавување на дополнителни информации од разните други набљудувачи и ќе продолжиме одблиску да го следиме изборниот процес и кампањата во пресрет на вториот круг на локалните избори на 7 април“, се вели во првичната реакција на Стејт департментот.
Според Изборниот законик, гласачките места започнуваат со работа во 7 часот наутро и гласањето трае непрекинато до 19 часот. Доколку се доцнело со почеток на гласањето, гласањето продолжува за онолку време колку што задоцнило. Гласачките места затвараат во 19 часот, но на оние гласачи кои се затекнале на местото на гласањето ќе им биде овозможено да си го остварат своето право на глас.

Избирачкиот одбор може да го затвори гласачкото место и пред истекот на рокот, по претходна согласност од надлежната општинска изборна комисија, ако гласале сите избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список, но не започнува со броење на гласовите пред 19,00 часот. Ако гласањето е прекинато подолго од 1 час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од 3 часа.

Одѕивот на гласачите во првиот круг од Локалните избори 2013 изнесуваше 66,98 отсто, според Државната изборна комисија врз основа на податоците од сите 2.976 избирачки места. Вкупно гласале 1.167.757 избирачи од вкупно 1.743.403 запишани во избирачкиот список. Важечки гласачки ливчиња на првиот круг од изборите се 1.127.399, а бројот на неважечки ливчиња 40.358.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG