Достапни линкови

Иран со сопствен предлог до големите сили на средбата во Алма Ата


Иран презентираше сопствен предлог на новата рунда разговори за нуклеарната програма на Техеран во Алмати, Казахстан, изјави иранскиот преговарач Али Багери. Ова е 5 та рунда разговори на Шесте светски сили и Иран. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон претходно изрази внимателен оптимизам, а иранскиот главен преговарач Саид Џалил изјави дека шансите за напредок во разговорите зависат од тоа дали светските сили ќе го признаат правото на Иран за збогатување на ураниум. Преставници на САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија во февруари понудија да се укинат некои од економските санкции врз Иран, ако Техеран се согласи да го прекине збогатувањето со ураниум.
XS
SM
MD
LG