Достапни линкови

Малала со Фонд за образование на девојчињата во Пакистан


Со пари од Фонд формиран од пакистанската ученичка Малала Јоусафзаи се планиар да бидат испратени 40 девојчиња во училиште во долината Сват каде е нејзиниот дом. Фондот е поджан од американската актерка Анџелина Џоли. Петнаесет годишната Малала беше застрелана во главата и вратот од страна на Талибанците во октомври во долината Сват во Пакистан каде што таа агитираше за образование на девојчињата. Малала оваа нејзина иницијатива ја најави во видео порака од Лондон до жените во Светската конференција во Њујорк. Малала е на долгорочна рехабилитација во Велика Британија. Таа рече дека Џоли и две добротворни организации и помогнале почетно да собере 45.000 долари за образование на девојчињата во долината Сват во Пакистан.
XS
SM
MD
LG