Достапни линкови

Врз чиј грб ќе паднат долговите на владата?


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во посета на конфекциски погон.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во посета на конфекциски погон.

Стопанствениците стравуваат дека плаќањето на долговите може да падне на нивен грб.

Долгот како процент од Бруто домашниот производ не е единствениот начин да се утврди задолженоста на една земја, потсетуваат дел од економистите, додека стопанствениците стравуваат дека плаќањето на долговите може да падне на нивен грб.
Бидејќи зависи и од други фактори, зависи каде се вложуваат тие средства, колку тие средства ќе дадат поврат, ќе реализираат профит и други фактори во поглед на водењето на економската политика.

Кога станува збор за задолженоста, често се аргументира дека со јавен долг од 33 отсто од БДП Македонија е ниско задолжена земја во споредба со соседите и некои европски земји. Тоа не е гарант, вели професорот Љубе Трпески.

„Бидејќи зависи и од други фактори, зависи каде се вложуваат тие средства, колку тие средства ќе дадат поврат, ќе реализираат профит и други фактори во поглед на водењето на економската политика.“
Реално гледано, ако го видиме трендот на приходи во буџетот којшто во овој квартал е намален по основ на ДДВ, може да се случи да има притисок кај стопанството во третиот и во четвртиот квартал од 2013 по основ на плаќање на ДДВ, па и други давачки.

Засега не е запалено црвеното светло за раздолжување, додава поранешниот гувернер на централната банка.

„Треба внимателност. Јас сум повеќе да се внимава каде се вложуваат тие средства, дали се тоа издржани проекти, затоа што ако се проектите како што беше порано Фени на пример, ја доведуваат целата земјата во голема опасност после“, вели Трпески.

Гарант за покривање на државниот долг е државата. Факт е дека државните пари не се на политичарите и дека се собираат од даноци, казни, придонеси и слични давачки, имено од граѓаните и стопанството. Владата во јануари и февруари потроши повеќе од она што се собра во народната каса, имено буџетскиот дефицит за само два месеци достигна 107 милиони евра, со тоа што најголем пад во приливите во Буџетот е регистриран во побарувањата за данокот од додадена вредност. Во февруари биле прокнижени само 6,2 милиони евра по овој основ.

Ако владата евентуално не успее да се раздолжи со ново задолжување тогаш од каде ќе се наплатат доспеаните долгови?

Извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија Фатмир Битиќи вели дека постои стравување од поголем притисок врз стопанството.

„Реално гледано, ако го видиме трендот на приходи во буџетот којшто во овој квартал е намален по основ на ДДВ, може да се случи да има притисок кај стопанството во третиот и во четвртиот квартал од 2013 по основ на плаќање на ДДВ, па и други давачки.“

Прво, можен е притисок за да се санираат трошоците кои се предвидени во Буџетот, вели Битиќи.

„Второ, секако дека делот од задолжувањето некаде ќе треба да се плати, така што реално за очекување сметам дека може да биде освен ако нема некои други чекори од владата“, вели тој.

Кон ова и податокот дека во последните речиси две и пол години, долгот на владата е зголемен за една милијарда евра.
XS
SM
MD
LG