Достапни линкови

Кина - уништување на живина поради птичји грип


Кинеските власти соопштија дека се заклани 20 илјади живина на пазарот во Шангај, откако во гулаби кои се продавале таму е пронајден новиот вирус на птичјиот грип.
Досега од вирусот Х7Н9 починаа пет луѓе, а повеќе од четиринаесет се заразени. Кинеските државни медиуми објавија снимки на кои се гледа како луѓе во заштитни комбинизони и маски ноќеска ја уништувале живнината на пазарот. Вирусот се пренесува преку директен контакт меѓу заразена птица и човек, но здравствените работници велат дека досега нема докази дека вирусот се шири лесно меѓу луѓето.
XS
SM
MD
LG