Достапни линкови

logo-print

Меѓународните кредитори бараат намалување на грчката администрација


Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас во Атина се сретна со претставниците на тројката меѓународни кредитори од Европската Унија, Меѓународниот Монетарен Фонд, Европската Централна Банка кои вчера се вратија во Грција.
На состанокот, како што јави МИА, е разговарано за дополнителниот данок на имот, за намалувањето на бројот на државни службеници и други реформи кои Грција треба да ги спроведе во согласност со договорот со „тројката“.
Според високи владини извори, целта на грчката Влада е да ги реши сите отворени прашања пред следниот самит на министрите за финансии на еврозоната закажан за 12 април, на кој треба да се донесе одлука за доделување на следната транша од помошта за Грција.
XS
SM
MD
LG