Достапни линкови

logo-print

Кина - се уништува заразената живина со птичји грип


Кина започна со колење на целата живина на пазарот во Шангај, откако во гулаби кои се продавале таму е пронајден новиот вирус на птичјиот грип. Досега од вирусот починаа пет луѓе, а повеќе од четиринаесет се заразени. Кинеските државни медиуми објавија снимки на кои се гледа како луѓе во заштитни комбинизони и маски ноќеска ја уништувале живнината на пазарот. Вирусот се пренесува преку директен контакт меѓу заразена птица и човек, но здравствените работници велат дека досега нема докази дека вирусот се шири лесно меѓу луѓето.
XS
SM
MD
LG