Достапни линкови

logo-print

Американски воен авион се урнал во источен Авганистан


НАТО соопшти дека американски воен авион Ф-16 се урнал во источен Авганистан. Од Алијансата соопштуваат дека падот се истражува, но оти првичните информации говорат дека немало активности на бунтовниците за време на инцидентот. Не се соопштуваат други детали.

Претходно, во воздушен напад од НАТО во провинцијата Газни беа убиени четворица авганистански полицајци и двајца браќа чиј автомобил го претресувале полицајците на еден контролен пункт. Силите на НАТО се бореле со Талибанците на 10 километри од местото на инцидентот, но авганистански претставници велат дека убиените во нападот немале никаква врска со борбите.

Портпаролот на НАТО изјави дека меѓународните сили сериозно ги разгледуваат информациите и дека „сите наводи од ваков тип ги сфаќа сериозно“.
XS
SM
MD
LG