Достапни линкови

Хашкиот трибунал ја критикува дебатата во ОН организирана од Србија


Ослободувањето на Анте Готовина и Младен Маркач.

Ослободувањето на Анте Готовина и Младен Маркач.

Претседателот на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија со седиште во Хаг, судијата Теодор Мерон ја критикуваше закажаната дебата во ОН во организација на Србија, велејќи дека „го доведува во прашање основното почитување на владеењето на правото“.

„Тоа не е состанок на кој моето учество би дало значителен придонес кон принципите што ми се блиски“, рече тој.

Претседателот на Генералното собрание на ОН Вук Јеремиќ, кој е поранешен министер за надворешни работи на Србија, за 10 април закажа дебата за работата на трибуналот по двете контроверзни ослободителни пресуди што ги донесе меѓународниот суд. Минатиот ноември, хашкиот суд ја уважи жалбата и ги ослободи хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, кои претходно беа осудени за нивната улога во операцијата Олуја од 1995 година во која српските цивили беа протерани од Хрватска.

Мерон рече дека „Ослободителните пресуди, како и осудувањата, покажуваат дека системот е здрав“.
XS
SM
MD
LG