Достапни линкови

Драги - излегувањето на Кипар од еврозоната нема да ги реши проблемите


Кипар - Луѓе стојат пред кипарската банка Лаики.

Кипар - Луѓе стојат пред кипарската банка Лаики.

Евентуалното излегување на Кипар од еврозоната нема да ги реши проблемите на земјата, изјави претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги.

„Грешките, дозволени во економијата на островската држава, нема да престанат да бидат грешки дури и ако Никозија се најде надвор од монетарната унија. Имено, поради тоа, така или онака, неопходно ќе биде да се направи консолидација и преструктуирање на банкарскиот сектор“, изјави Марио Драги.

Тој вели дека ЕЦБ не се откажува од своите прогнози за заздравување на европската економија во текот на втората половина од оваа година.
XS
SM
MD
LG