Достапни линкови

logo-print

Тачи-до 9 април ќе се знае одлуката на Косово и Србија


Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовската претседателка Атифете Јахјага денеска ги поддржа ставовите на Приштина изнесени во дијалогот со Белград во Брисел. Премиерот Хашим Тачи истакна дека посредничката во разговорите, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност до 9 април ќе биде информирана за одлуките, кои двете страни ги донеле за неусогласените ставови. Тачи по средбата со Јахјага истакна и дека состанокот минал во конструктивна атмосфера.
Според Јахјага, дијалогот меѓу двете земји влијае на воспоставувањето на нормални односи, кои треба да им помогнат на патот на европските интеграции.
XS
SM
MD
LG