Достапни линкови

Египетскиот претседател во посета на Судан


Египетскиот претседател Мухамед Морси

Египетскиот претседател Мухамед Морси

Египетскиот претседател Мухамед Морси пристигна во соседен Судан, каде ќе престојува два дена. Сајед Ахмед, портпаролот на суданскиот претседател Омар ал Башир изјави дека посетата е историска, поради длабочината на односите меѓу жителите на двете земји.
Морси освен со Башир ќе се сретне и со лидери на политички парти и бизнисмени. Според соопштението на кабинетот на Морси посетата е со цел да се потенцира силниот стратешки однос меѓу Египет и Судан.
XS
SM
MD
LG