Достапни линкови

Татовци се пишманија и влегоа во предизборната кампања


Протест на штедачи од штедилницата ТАТ во Битола.
Протест на штедачи од штедилницата ТАТ во Битола.

Здружението на необесштетени штедачи од ТАТ го поддржа актуелниот градоначалник на Битола Владимир Талески, иако пред локалните избори најави дека нема да поддржи ни еден од кандидатите.

Здружението на необесштетени штедачи од ТАТ кое пред локалните избори најавуваше дека нема да се пазари и да поддржи ни еден од кандидатите на власта и опозицијата за градоначалник на Битола, деновиве на само неколку дена пред прегласувањето во втор круг јавно изјави дека поддршката ја дава за ВМРО-ДПМНЕ.
Единствено можеме да преговараме со оваа власт за трајно и крајно решение на ТАТ. Претходната власт го овозможи ТАТ и не можеме да разговараме со нив и не сакаме. Сите штедачи, 5.300, сме единствени и обединети дека оваа власт само може да не обесштети и никој друг. Работиме на тоа и имаме цврсти ветувања дека ќе се донеси скоро крајно решение.
Пеце Гугучевски, претседател на Здружението на необесштетени штедачи од ТАТ.

Претседателот на здружението Пеце Гугучевски изјави:

„Единствено можеме да преговараме со оваа власт за трајно и крајно решение на ТАТ. Претходната власт го овозможи ТАТ и не можеме да разговараме со нив и не сакаме. Сите штедачи, 5.300, сме единствени и обединети дека оваа власт само може да не обесштети и никој друг. Работиме на тоа и имаме цврсти ветувања дека ќе се донеси скоро крајно решение.“

Месец дена пред одржувањето на локалните избори истиот претседател Гугучевски го тврдеше спротивното, дека веќе политички нема да се инволвираат, иако имаат ветувања од двете страни.
Да не обесштети и доживотно како Тито ќе биди, тоа да му го кажете на Груевски.
Необесштетен штедач од ТАТ.

„Ние повеќе политички ниту сакаме да дејствуваме, ниту сакаме да се здружуваме, иако имаше обиди и од едни и од други. Меѓутоа, не сакаме апсолутно. Овој протест е насочен само против пресудата на судовите од Скопје. Ќе одиме пред општина истото ќе му го порачаме на градоначалникот, мора да се заземи да ни помогни, мора да го излобира тоа. Два мандата истера помогнавме многу“, изјави тогаш Гугучевски.

Дел од штедачите даваат и вакви изјави:

„Да не обесштети и доживотно како Тито ќе биди, тоа да му го кажете на Груевски.“

Во вториот круг на локалните избори во Битола силите ќе ги одмерат градоначалникот Владимир Талески, кандидат на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, и Менде Диневски од коалицијата на СДСМ.

Аферата ТАТ која во историјата ќе биде запаметена како најголема пирамидална измама во земјава избувна 1997 година. Во неа 13.000 граѓани ги загубија своите заштеди во износ околу 60 милиони евра. Шеснаесет години по аферата, необесштетени останаа 5.000 штедачи кои побаруваат 15 милиони евра. Досега добивале многу ветувања од политички партии дека ќе бидат обесштетени, но до денес сè уште не ги добиле своите пари.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG