Достапни линкови

Иран ќе инсистира на правото на збогатување ураниум


Иранскиот нуклеарен преговарач Саед Џалили

Иранскиот нуклеарен преговарач Саед Џалили

Иранскиот нуклеарен преговарач Саед Џалили изјави денеска дека светските сили мора да го признаат правото на земјата да збогатува ураниум со што ќе се постигне чекор напред во разговорите за нуклеарната програма на Техеран. Џалили пред почетокот на новата рунда преговори од Алмати порача и дека Иран ќе го брани построго своето право по претседателските избори во јуни. Преставници на светските сили утре и задутре ќе се сретнат со иранските преговарачи и Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон.
XS
SM
MD
LG